ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Борец се засили со ПЕТ играчи и продолжи соработка со СЕДУМ играчи!

Прволигашот Борец од Велес ја засили екипата за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига со неколку нови фудбалери.

Нови засилувања за прволигашот од Велес се Енсар Љума, Ристе Каракамишев, Александар Ѓорѓиески, Стефан Јакимовски и Кристијан Николов. Исто така Борец ги продолжи договорите со Кристијан Ефтимов, Лука Трајкоски, Филип Манасиевски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Азер Омерагиќ, Филип Ристовски, Трајче Трајков.

Раководството на клубот работи на ангажман на уште неколку нови имиња кои ќе бидат објавени по потпишување на договорите.

Борче Христов останува кормирал на клубот и во следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!