ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ОФИЦИЈАЛНО: Беласица ги промовираше Ангов и Спасов

Тоа што го најави Спортска Мрежа пред десетина дена денес доби потврда – Беласица ги промовираше Дејан Ангов и Никола Спасов како нови играчи за пролетната полусезона од Втората лига – Исток.
>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ХОТЕЛ / ВИЛА <<<
Ангов доаѓа од екипата на Каменица Саса каде беше еден од носителите на играта. Беласица со овој 24-годишен играч ја зголемува конкуренцијата во средниот ред.
Никола Спасов игра на позицијата централен дефанзивец, а во Струмица овој 21-годишен играч доаѓа од редовите на Детонит од Радовиш.