ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Артим Шаќири повеќе не е тренер на Шкендија!

Шкендија објави дека Артим Шаќири повеќе нема да биде тренер на тетовскиот прволигаш, а заминувањето доаѓа по ремито на тетовци со Македонија Ѓорче Петров (1:1) во рамки на 6. коло од Прва лига.

Поранешниот репрезентативец на Македонија дојде на тренерското столче како привремено решение по заминувањето на Бруно Акраповиќ, но исто така, доби и шанса да ја води Шкендија во квалификациите за Конференциската лига, каде тетовци беа исфрлени по пенали од АИК.

Во рамки на новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, Шкендија е на делба на второто место со Силекс со по 11 освоени бодови и скор од 3 победи, две ремија и еден пораз, со постигнати 8 погодоци и примени пет.

Шкендија викендот е слободна и ќе одмара, а потоа ја очекува дерби против актуелниот шампион Шкупи во Тетово. Слободниот викенд Шкендија ќе го искористи за дополнителни подготовки и за барање решение за испразнетото тренерско столче.

Шакири имаше двојна улуга, покрај тренер тој беше и спортски директор, а до прекин на договорот, според наведеното соопштение од клубот, дошло до взаемен договор на двете страни.

Во својата кариера, Шаќири покрај Шкендија ги водеше и Кукус, Пемброк и Шафхаузен, а сега ќе бара нов тренерски ангажман.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!