ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Академија Пандев го претстави Александар Васоски како нов тренер

Како што најавивме во текот на вчерашниот ден Академија Пандев денес го претстави Александар Васоски како нов тренер.

Васоски е повратник на тренерското столче на „пандевци“, откако пред 8 месеци си замина од Струмица и седна на тренерското столче на Сараево.

По поразот на Академија Пандев во Струмица од непоразениот лидер Струга Трим Љум, клубот и тренерот Ѓорѓе Стојчев спогодбено се разделија, па струмичкиот прволигаш експресно го пополни испразнетото тренерско столче со старо-новиот тренер Александар Васоски.

Популарниот „тетовче“ имаше одлични резултати со Академија Пандев. Своето деби како повратник на клупата на „пандевци“ ќе го има викендот во рамки на 7. коло во Кавадарци против Тиквеш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!