ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Академија Пандев ги продаде ТВ-правата на „Спорт Клуб“ за наредните три сезони!

Македонскиот прволигаш Академија Пандев официјално преку соопштение информираше дека ги продаде ТВ-правата на телевизиската спортска куќа „Спорт Клуб“ за наредните три сезони, со што струмичкиот клуб ексклузивно ќе го гледаме на каналите на „Спорт Клуб“, со што станува првиот спортски клуб од Македонија кој самостојно ги продаде своите телевизиска права. Ваквиот чекор следи откако Академија Пандев заедно со шампионот Шкендија се одлучија да го одбијат колективниот договор со „Арена Спорт“.

„На наше огромно задоволство објавуваме дека oд наскоро домашните натпревари на ФК Академија Пандев ќе се емитуваат во живо на регионалниот спортски телевизиски канал „Спорт Клуб“. ФК Академија Пандев е првиот фудбалски клуб во нашата држава кој самостојно ги продаде ТВ-правата на регионална телевизиска куќа. Договорот е веќе потпишан и важи за домашните куп и првенстевни натпревари за наредните три сезони, почнувајќи од тековната 2021/22, 2022/23 и 2023/24 сезона“, напишаа од Академија Пандев.

Сите натпревари на Академија Пандев од првенствените натпревари, како и од Куп натпревари од тековната сезона, како и од сезоните 2022-2023 и 2023-2024 ќе се емитуваат на „Спорт Клуб“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!