ОФИЦИЈАЛНИ СОСТАВИ: Македонија ЃП против Академија Пандев, борба за Куп-финале

Денес со почеток од 13:00 часот ќе стартува првиот полуфинален дуел меѓу екипите на Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев. Реприза на последното Куп-финале, ќе се одмаздат ли „лавовите“ за поразот од 2019 година, кога „пандевци“ на пенали ја обезбедија првата Куп-титула, или струмичани повторно ќе обезбедат финале едно по друго.
Избраниците на Александар Васоски два пати славеа над Македонија ЃП за еден месец. На 3. март Академија Пандев во Струмица со 2:1 беше подобра од екипата на Македонија ЃП, додека еден месец подоцна „пандевци“ со 1:2 славеа и во Ѓорче.
Ќе биде тешко, двете екипи ќе треба да понудат нешто ново во надигрувањето. Ќе се одигра само еден натпревар, а победникот патува во големото финале закажано за 19. мај, каде ќе игра со победникот од утрешниот полуфинален дуел меѓу Струга Трим Лум и Силекс.
Официјални состави Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев:
