Европски ФудбалФудбал

Официјална понуда пристигна на адресата на Рома, Мурињо одби и сака да го задржи Един Џеко

Турските медиуми утрово јавуваат дека Бешикташ направил голем чекор кон доведување на Един Џеко, но дека понудата не е прифатена од страна на Рома.

Како што пренесуваат турските медиуми, Бешикташ испратил официјална понуда до Рома за Един Џеко, која веќе некое време е приоритет во нападот за следната сезона, но тоа не му се допадна на Жозе Мурињо.

Португалскиот стручњак кој го презеде „волчицата“ ова лето сака да го задржи Един Џеко, барем уште една сезона, колку што е и босанскиот напаѓачот има преостанат договор со Рома. Наводно, Мурињо им рекол на челниците на клубот дека сака да го задржи Џеко првенствено заради неговото искуство што го носи во нападот.

Сепак, Португалецот сака уште еден напаѓач во Рим и сигурно е дека некој ќе ја засили офанзивната линија на Рома во наредните денови. Но, тоа нема да има влијание врз ситуацијата околу Един Џеко.

Да потсетиме, Бешикташ, покрај Џеко, изрази интерес и за уште двајца познати светски напаѓачи. Тоа се Диего Коста и Александар Митровиќ, ако турскиот гигант ги обезбеди потписите на овие двајца фудбалери. Веројатно нема да има ништо од Џеко.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!