ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Тиквеш го засили нападот со Кристијан Костовски

Екипата на Тиквеш продолжува со засилувања за пролетните предизвици од Втората лига – Исток. Клубот од Кавадарци го засили нападот со искусниот напаѓач Кристијан Костовски кој доаѓа од прволигашот Силекс.

25-годишниот напаѓач во својата кариера има настапувано за екипите на Македонија Ѓорче Петров и кратовски Силекс.

Тиквеш вчера ги започна подготовките за пролетниот дел и со новиот тренер Пане Блажевски ќе се обиде да дојде до посакувата цел – Прва лига. Клубот се спрема за баражот, но доколку има шанса ќе го нападне и првото место и на тој начин ќе обезбеди сигурна промоција во елитата.

Претходно Тиквеш се засили со младиот Антонио Јанев од Росоман, голманот Анѓелков, искусниот Петар Љамчевски кој доаѓа од Гостивар, а од клубот информираат дека во следните денови ќе пристигнат уште неколку засилувања.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!