ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Силекс се засили со Бугаринот Свилен Штерев!

Силекс денес го официјализираше трансферот на Бугаринот Свилен Штерев, со што кратовскиот прволигаш го засилува средниот ред за пролетната полусезона.

Штерев денес потпиша договор на шест месеци со опција на продолжување на истиот, а утре ќе пристигне во Анталија каде што Силекс ја темпира формата за пролетните предизвици во Првата македонска фудбалска лига.

Во својата кариера искусниот 28-годишен фудбалер има настапувано долго време во Првата бугарска лига, а бил дел од екипите на Брестник од Пловдив, Пирин Гоце Делчев, Евроколеж Пловдив, Обориште, Мотана, Марица од Пловдив, Ботев Галабово, Дунав Русе и Етар од каде и доаѓа во Кратово.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!