ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Петар Љамчевски е нов играч на Тиквеш

Тиквеш денес со новиот тренер Пане Блажевски ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Исток. Клубот денес се засили со Петар Љамчевски.

29-годишниот играч за врска во Кавадарци доаѓа од второлигашот Гостивар, а во својата кариера има настапувано и за Металург, Пелистер, Еуромилк ГЛ, Силекс, и Лабуништа.

Тиквеш во пролетната полусезона се насочува кон баражот за пласман во Прва лига, но како што велат од клубот, доколку има шанси и ќе го нападат првото место.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!