ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ОФИЦИЈАЛНО: Македонија ЃП го засили нападот со Самир Фазли

Македонија Ѓорче Петров го засили нападот со поранешниот македонски репрезентативец Самир Фазли.
29-годишниот Фазли се враќа во матичниот клуб, тој во 2009 година беше дел од „лавовите“ од каде замина во Херевен, Холандија. Во својата кариера има настапувано и за холандиски Хелмонд, швајцарски Вил, Рудеш во Хрватска, а во Шкендија беше до јули минатата година.
Претходно, „лавовите“ се засилија со Робсон да Силва, Чарлестон и Ајрулаху.
Македонија ЃП одигра одлична есен и во пролетната полусезона ќе се бори за сигурно место во Европа.