ФудбалФутсал

ОФИЦИЈАЛНО: Јувентус Серава по службен пат го доби мечот со Шкендија на кој настана хаос на теренот

Мечот од 13. коло од Првата футсал лига на Македонија меѓу Јувентус Серава и Шкендија при резултат 1:1 беше прекинат и не го дочека својот крај, откако на теренот настана тотален хаос за што Спортска Мрежа веќе информираше.

  • Забелешка од официјалниот записник од натпреварот:

„Во 9 минута при груб фаул на домашнот играч со број 4 Рамадани Хамза настана гужва на терен при што влета играч на гостинската екипа со број 5 Елвир Нуиши од клупа да се пресмета со играчот со број 4 Хамза Рамадани, тука настана поголем проблем каде што влетаа повеќе играчи од двете екипи и мечот беше прекинат. Судиите доделија заслужени црвени картони и гостинската екипа не сакаше да го продолжи натпреварот и откако ги почекавме 15 минути процедурално гостинската екипа не се појави на терен повторно. Следува дополнителен извештај. Снимката дополнително ќе биде пратена во Федерација во одредено време.“

Фудбалската федерација на Македонија одлучи овој натпревар по службен пат да го добие Јувентус Серава со што екипата добива и службени три бодови.

Фотографии од хаосот на натпреварот:

Фотографии испратени до Спортска Мрежа
Фотографии испратени до Спортска Мрежа

>>> СПОРТСКА МРЕЖА Е ЕДИНСТВЕНИОТ СПОРТСКИ САЈТ КОЈ ДЕТАЛНО ИЗВЕСТУВА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУТСАЛ – ГЛАСАЈТЕ ЗА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА НАЈДОБАР СПОРТСКИ САЈТ НА ГОДИНАТА <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!