Европски ФудбалФудбал

„Одмазда“ за Мбапе: ПСЖ му нуди над 100 милиони евра на Винисиус да не го продолжи договорот со Реал

Како што сега стојат работите, Килијан Мбапе на лето ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен играч, а Пари Сен Жермен подготвува „одмазда“ за „Кралскиот клуб“.

Винисиус Жуниор не е премногу платен во Реал, а според шестгодишниот договор потпишан во летото 2018 година, Бразилецот добива нешто помалку од три и пол милиони евра по сезона.

Наводно, Реал планира да понуди продолжување на договорот за уште три години, до средината на 2027 година, од зголемување на платата на околу осум милиони евра.

Сопственикот на парискиот клуб Насер Ал Хелаифи е подготвен да му понуди на Винисиус шестгодишен договор вреден 17 милиони евра по сезона.

Тоа се вкупно 102 милиони евра и така Парижаните ќе се обидат да го убедат Бразилецот да не продолжи со Реал и да го доведат во 2024 година на ист начин како што најверојатно „Кралскиот клуб“ ќе го донесе Мбапе.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!