ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Одлуки на Комисија за лиценцирање на ФФМ за учество на клубови од МФЛ во УЕФА натпреварувања за сезона 2021/22

Одделнието за лиценцирање информира дека Комисијата за лиценцирање на ФФМ по комплетирање на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 во кој се пријавија сите 12 клубови од Прва МФЛ, а по преглед на доставената документација ги донесе следните одлуки:

Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 на клубовите:

1.  ФК Академија Пандев АД – Струмица

2.  ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје

3.  ФК Работнички АД – Скопје

4.  ФК Ренова АД – с.Џепчиште

5.  ФК Силекс АД – Кратово

6.  ФК Струга ТримЛум АД – Струга

7.  ФК Шкендија АД – Тетово

8.  ФК Шкупи 1927 АД – Скопје

Не се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2021/22 на клубовите:

1.  ФК Беласица АД – Струмица

2.  ФК Вардар АД – Скопје

3.  ФК Пелистер АД – Битола

ФК Борец 1919 АД – Велес се откажа од процесот на лиценцирање за УЕФА сезона 2021/22.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!