Одложеното 13. коло од Третата лига – Исток ќе се одигра во недела

Минатиот викенд поради обилните врнежи од снег се одложи 13. коло од Третата лига – Исток, истото е презакажано и ќе се одигра во недела.
Како што најавивме претходно, дербито на колото се игра во Берово каде ќе се соочат Малеш и Детонит, а овој натпревар ќе биде пренесуван во ЖИВО на Спортска Мрежа со пренос овозможен од беровскиот клуб.
Лидерот Брегалница на домашен терен ќе игра со Василево, Карбинци ќе биде домаќин на Овче Поле, Спартмани во Градско Балдовци го чека Хоризонт Турново, додека Чешиново на домашен терен ќе играт со Работник Џумајлија.
>> ЦЕЛОСНАТА НАЈАВА ОД 13. КОЛО ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Од ова коло е одигран само еден натпревар, Раклиш на домашен терен славеше над Тиверија со 2:1.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<