ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Одложените натпревари во Трета лига – Југозапад добија нов термин за одигрување

Натпреварите од 13. коло од Третата лига – Југозапад кои беа одложени поради обилните врнежи на снег и дожд добија нов термин за одигрување – недела со почеток во 13:00 часот.

Само три натпревари беа одиграни во неделата. Црно Буки на домашен терен со 3:1 ја доби Победа од Ивањевци, Караорман со 1:3 славеше во градското дерби со Влазними, а со ист резултат Демир Хисар дома ја доби Сатеска од Волино.

Во недела Македонија во Враништа ќе ја пречека Лирија, Преспа ќе биде домаќин на Стрела Спорт, а пак Октиси дома го очекува тежок дуел со фаворитот Новаци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!