ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Одложените натпревари од Втората лига – Исток и Запад ќе се одиграт во сабота

Натпреварите од Втората лига – Исток и Запад кои беа одложени минатиот викенд поради обилните врнежи од снег ќе бидат одиграни во сабота, со што ќе биде комплетирано 20. коло.

Во Втората лига – Исток треба да се одиграат два натпревари. Победа на домашен терен ќе ја пречека екипата на Тиквеш, додека на Градскиот стадион во Радовиш ќе се соочат Плачковица и Кит Го.

Колото во Втората лига – Исток беше отворено во саботата со натпревар во Виница, каде домаќинот Слога со 1:2 загуби од лидерот Брегалница. Во неделата, Росоман на домашен терен загуби со убедливи 1:4 од Кожуф, додека дербито во Кочани заврши со голема победа за Каменица Саса која со 0:2 славеше над Осогово.

>> ТАБЕЛАТА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Во Втората лига – Запад, исто така има два натпревари за одигрување. Дрита на домашен терен ќе игра дерби со Гостивар, додека во Дебар ќе се соочат Кораб и Велезерими.

Инаку, во саботата Кадино на домашен терен одигра 0:0 со лидерот Скопје и извлече голем бод, додека во неделата Тетекс на домашен терен со 2:1 го шокираше фаворитот Велешта.

>> ТАБЕЛАТА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!