ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Одложените натпревари од Втора лига добија нов термин за одигрување

Денес беа одложени вкупно пет второлигашки дуели поради лошите временски услови и катастрофалната состојба на терените. Истите и официјално ќе бидат одиграни во вторник со почеток од 13:00 часот.
Во Втора лига – Запад беа одложени три средби, Гостивар – Тетекс, Велешта – Силекс и Кораби – Охрид. Во рамки на Втора лига – Исток пак беа одложени две средби, Детонит – Осогово и Кожуф – Братство.