ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Одигран меморијалниот натпревар во чест на фудбалската легенда Симе Стојаноски – Вучјак

Денес беше одигран меморијалниот натпревар во чест на фудбалската легенда Симе Стојаноски – Вучјак.
Натпреварот се одигра помеѓу ФК Македонија од Враништа и ветераните на ФК Македонија кои играле заедно со Стојаноски. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено со резултат од 0:0. На пенал рулетот како подобри се покажаа ветераните со резултат од 3:4.
За играч на натпреварот беше прогласен голманот на ветераните Владимир Кицески – Чочол.
Во прилог фотогалерија од натпреварот одигран на теренот во Враништа: