Европски ФудбалФудбал

Одбиена е понудата на Арсенал од 80 милиони евра за најдобриот стрелец во италијанската Серија А

Локалниот тоскански весник „Кориере Фиорентино“ ги пренесува настаните од клубот од стадионот Артемио Франки – Фиорентина преговара со потенцијалните купувачи за продажба на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, но бара висока цена за белграѓанецот. Според овој медиум, „виолетовите“ ја одбиле понудата на лондонски Арсенал од 80 милиони евра за младиот голгетер.

Арсенал наводно сериозно „гризна“ и е подготвен да потроши уште повеќе за моментално водечкиот стрелец во Серија А.

Италијански „Тутомеркато“ претходно изјави дека и локалниот ривал на Арсенал, Тотенхем го сака Влаховиќ, но дека лондонските Спарс имаат буџет за Влаховиќ од 70 милиони евра.

Договорот на Влаховиќ истекува во летото 2023 година, а веќе е познато дека 190 сантиметри високиот левоног напаѓач нема да ја продолжи соработката со Фиорентина, чиј член е од 2018 година откако направи трансферот од Партизан.

Српскиот напаѓач блеска во актуелната сезона, 21-годишниот фудбалер на 15 натпревари постигна 12 гола и има 3 асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!