ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Од понеделник промени во стручниот штаб и играчкиот кадар на Тиквеш !?

Тиквеш денес испушти можност да ја запише првата прволигашка победа, откако денес одигра 1:1 против Струга Трим Лум. Кавадарчани први го отворија резултатот преку Симеон Христов во 10. минута, меѓутоа отпорот на Тиквеш беше скршен во 80. минута со гол на Емир Скендери.

Тиквеш и понатаму останува без победа во новата сезона од Првата лига и со два освоени бодови по пет одиграни кола е на претпоследното место на табелата и се наоѓа во опасната зона која директно води кон Втората лига.

Денес на Градскиот стадион натпреварот го следеше и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој на социјалните мрежи напиша дека од понеделник управниот одбор ќе се состане, со што ќе се дискутира за досегашните постигнати резултати на Тиквеш. Исто така, Јанчев напиша и дека во наредниот период ќе се превземат конкретни чекори во делот на стручниот штаб и играчкиот кадар.

Целосното излагање на кавадаречкиот градоначалник:

Останува да видиме дали Тиквеш за следното коло ќе добие нов кормилар кој ќе ја забележи првата победа во новата сезона со кавадаречкиот прволигаш, а со тоа и да го фати чекорот за сигурен опстанок во елитата, како и дали евентуално ќе има промена во играчкиот кадар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!