Европски ФудбалФудбал

Обвинителството го проверува трансферот на Роналдо, Јуве потврди дека документацијата е доставена

Италијанската полиција конфискуваше нова документација од официјалните простории на Јувентус како дел од истрагата за наводни деловни измами и трансфери во периодот од 2019 до 2021 година.

Полицијата пред шест дена по налог на обвинителството за прв пат изврши претрес во канцелариите на торинскиот клуб, а медиумите објавија дека спорната сума е околу 50 милиони евра.

Шест челници на клубот од Торино се осомничени за фалсификување трансакции, но и финансиски извештаи.

Меѓу нив се и претседателот на клубот Андреа Ањели и потпретседателот Павел Недвед, како и Фабио Паратичи кој сега е во Тотенхем.

Веста е дека овој пат целната документација беше трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед ова лето.

Ова го потврди клубот во соопштението во кое наведува дека до полицијата е поднесена пријава „за економската вредност на продажбата на Kристијано Роналдо Дос Сантос Авеиро“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!