ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Обршани со триумф над Росоман на генералката пред стартот на новата сезона од Трета лига – Југ

Обршани со 2:1 славеше на генералката против Росоман и победнички ќе ја стартува новата сезона од Трета лига – Југ.
Екипата на Обршани до триумфот стигна со погодокот на Бојан Наумоски кој стрелаше од 30-тина метри, а вториот гол беше дело на Дарко Ефтинџиоски. За екипата на Росоман стрелец на единствениот погодок беше Илија Ристески, а погодокот беше постигна од пенал.
Обршани новата сезона ќе ја стартува против Питу Гули од Крушево, додека пак Росоман го пречекува Црнилиште.