Европски ФудбалФудбал

Нуно Санто најблиску до клупата на Тотенхем

Поранешниот менаџер на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто е последниот во низата тренери што се поврзуваат со испразнетата клупа на Тотенхем.

Како што се појавува секој кандидат, следи изјавата „добро, тоа е вистинскиот избор“, и наскоро „нешто се случи“ и тој кандидат станува екс.

Така беше последните два месеци откако беше отпуштен Жозе Мурињо.

Навивачите на Тотенхем се надеваат дека тоа нема да биде случај со сонародникот на Мурињо, бидејќи Нуно Еспирито Санто се здоби со завидна репутација во Премиер лигата додека беше тренер на „волците“.

Останува да видеме дали конечно „петлите“ ќе ангажираат нов тренер за сезоната што следи.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!