ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Нула во Струга и Струмица, Шкупи и Шкендија запишаа три бода

Денес се комплетираше 16. коло од Првата македонска фудбалска лига. Нули во Струга и Струмица. Покрај езерото без погодоци ремизираа Струга Трим Лум и Тиквеш (0:0), единствено на овој натпревар не падна црвен картон.

Реми без погодоци (0:0) имаше и во Струмица меѓу Академија Пандев и Брегалница. Во десет минути Фарук Бихорац заработи два жолти картони и беше исклучен од игра, а во финишот на првиот дел и штипјани останаа со играч помалку откако Дарко Додев поради неспортско однесување заработи два жолти картони и беше исклучен од игра.

Борец успеа да извлече бод од Македонија Ѓорче Петров на домашен терен откако одигра 1:1. Во меч каде „лавовите“ беа со играч помалку, откако капитенот Ермедин Адем беше исклучен од игра по втор жолт картон заработен во 75. минута за недозволен старт. Домашните преку гол на Крста Ѓорѓевиќ во 36. минута дојдоа први до водство, а резервистот Абу Камара во 67. минута постигна гол за конечните 1:1.

Шкендија со пресврт дојде до триумф над Пелистер од 2:1. Јуффо Нилдо Виктор го донесе Пелистер во водство од 0:1 во 43. минута. На стартот од вториот дел Гури Синдрит израмни на 1:1. Во продолжение гостите од Битола останаа со играч помалку откако Филип Бошковски со втор жолт картон беше исклучен од игра. Конечните 2:1 ги постави Јан Кривак на неколку минути пред крајот на мечот.

Шкупи во Автокоманда обезбеди три бода откако славеше со 1:3 над Скопје. Алварез Родригуез Фреди
Антонио беше двоен стрелец, а Константин Чешмеџиев си постигна автогол. „Пиратите“ во вториот дел останаа со два играчи помалу, откако Дино Најдоски и Јола Зепатта беа исклучени од игра.

Вчера на „Националната арена“ Работнички и Ренова го поделија „пленот“ играјќи 0:0.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!