Европски ФудбалФудбал

Њукалс пронајде три засилувања во Јунајтед ?

Се очекува Њукасл да инвестира огромни суми пари во засилувања во текот на зимата со цел да се спаси од испаѓање, а новиот менаџер Еди Хау веќе направи листа на потенцијални засилувања.

Интересно, дури тројца играчи на Манчестер Јунајтед се на списокот. Прва желба е голманот Дин Хендерсон, кој сезонава е постојана резерва на Давид Де Хеа, а тука се и Џеси Лингард и Дони ван де Бик.

Лингард одлично се снајде додека играше во Вест Хем на позајмица, а по враќањето во Манчестер има со мала минутажа и нема шанси да изрази се што знае. Што се однесува до Холанѓанецот, тој одамна е решен да го напушти Јунајтед и би можел да дојде на „Сент Џејмсис Парк“.

Во Њукасл знаат дека се квалитетни играчи и сакаат да го искористат тоа што се во втор план на „Олд Трафорд“, а од друга страна Јунајтед има можност да заработи на играчи кои одвај имаат минутажа.

Покрај тоа, Њукасл ќе се обиде да доведе уште неколку ѕвезди како Филипе Кутињо од Барселона, но се верува дека најголемите трансфери ќе бидат направени на крајот на сезоната, односно во летниот преоден рок.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!