Њу Јорк реагира за судиските одлуки на натпреварот со Беса-Влазрими

Екипата на Њу Јорк која се натпреварува во Третата лига – Север реагира на судиски одлуки на натпреварот со Беса-Влазрими. Од екипата реагираат за голот на Беса-Влазрими за кој тврдат дека е постигнат од офсајд позиција. Од клубот исто така реагират и на тоа дека за нивната екипа не бил досуден пенал, како и на тоа дека жолт картон бил доделен на друг играч, со цел играчот со број 5 кои претходно имал жолт картон да не биде исклучен.
„Судијата наместо да додели жолт картон на играчот со број 5 кој претходно имаше заработено жолт картон, додели на друг, со цел играчот број 5 да не добие втор жолт картон и да биде исклучен од играта“, велат од Њу Јорк.
Овој натпревар се одигра во рамки на 7. коло со резултат од 1:2 за Беса-Влазрими.
„Одигравме одличен натпревар, но, за жал судиските одлуки влијае на нашата игра. Три пенали не беа досудени и примивме гол од офсајд постигнат во 94. минута за 1:2“, додаваат од Њу Јорк.
Од клубот додадоа дека судијата од овој меч заработил суспензија од еден натпревар, за што сметат дека тоа санкција е мала.