ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Ново Црнилиште, Превалец и Локомотива убедливи, Вардар Неготино ремизираше со Илиден БС

Вардар Неготино се „лизна“ на гостување во Башино Село каде ремизираше 2:2 со домаќинот Илинден БС, во меч од 12. коло од Третата лига – Југ. Гостите од Неготино два пати доаѓаа до водство, но одличната игра на домаќините им донесе голем бод со фаворитот Вардар кој претендира за Втора лига.

Ново Црнилиште не запира и го „збриша“ Дојранско Езеро со високи 5:0. Екипата од Црнилиште кој атакува за прво место одигра фантастичен натпревар и сосема заслужено дојде до три бодови над екипата од Дојран која се соочува со голем број на повредени и ковид-позитивни играчи.

Младост на домашниот терен во Удово беше декласиран од разиграниот Превалец кој со 0:4 дојде до нови три бодови и го следи врвот во ТМФЛ – Југ.

Напредок од Крушеани се намачи со Динамо и победи во меч со седум погодоци, при резултат од 4:3. Динамо има зошто да жали, бидејќи прокоцна предност од дури три гола. До 41. минута гостите имаа предност од 0:3, за потоа Напредок да одигра фантастичен натпревар и до 70. минута водеше со 4:3.

Питу Гули продолжува со очајните игри во Третата лига – Југ и денес со 1:2 загуби од Братство 07. Гостите на овој натпревар ја имаа фаворитската улога која лесно ја оправдаа.

Локомотива повторно одигра одличен натпревар со 4:1 го надигра Големо Коњари. Екипата од Градско која претендира за прво место и Втора лига – Исток, уште еднаш потврди дека игра одлична есен и сосема заслужено дојде до посакуваните три бодови.

Марена го одигра можеби најдобриот натпревар во досегашниот тек од сезоната и со високи 4:0 го среди Обршани кој одигра очајно.

На врвот мала промена. Ново Црнилиште е прв со 27 бодови, колку што има и Напредок Крушеани, два помалку има третопласираната Локомотива. На дното од табелата е Илинден БС со 5 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!