ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Ново Црнилиште пресилен за Илинден, Локомотива и Вардар Неготино со нови победи

Лидерот на табелата Напредок Крушеани очекувано до нова победа, откако во Кривогаштани со 0:2 беше подобар од Младост 1930 и ја оправда фаворитската улога. Ново Црнилиште со 1:5 го потопи Илинден БС, Вардар Неготино запиша сигурна победа со 3:1 против Марена. Обршани немаше сили за расположената Локомотива и на домашен терен загуби со високи 3:5.

Големо Коњари го изненади Питу Гули и со 5:3 беше подобар противник од екипата од Крушево, Динамо на домашен терен го прегази Младост од Удово со убедливи 7:2.

„Натпреварот со Превалец не се одигра, бидејќи нашата екипа не замина во Превалец. Причината за тоа се пет заболени играчи од Ковид-19 и тренерот, а останатите со симптоми без мирис, вкус и мала температура“, ни изјавија од Дојранско Езеро.

Напредок Крушеани е лидер на табелата со 24 бодови, колку што има и второпласираната екипа на Ново Црнилиште, додека на третото место е Локотива од Градско со 22 бодови. На долниот дел Илинден БС со 4 бодови, а место погоре е Големо Коњари со 6 бодови.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!