РакометРакомет - Македонска репрезентација

Ново разочарување, Македонија убедливо загуби и од Русија

Македонската ракометна репрезентација загуби убедливо од Русија со 20:32 во вториот натпревар од главната фаза. Примавме лесни голови, одбраната потфрлуваше, а во нападот не реализиравме. Без борбеност, без идеа во нападот, почнавме лошо, завршивме уште полошо.

Русија прва го отвори резултатот преку Косоротов со гол постигнат од седум метри. Со еден шут и една грешка во нападот Македонија до 3. минута од натпреварот губеше со 0:3. Митревски во 4. минута ја запиша првата интервенција, но во нападот преку Лазаров не успеавме да го постигниме првиот гол по одличната интервенција на Киреев. Имавме прва чиста позиција преку Стоилов, но не успеавме да реализираме по третата интеревенција на рускиот голман Киреев.

Првиот гол за нашата репрезентација го постигна Кузмановски во 6. минута од натпреварот за 1:3. Во следниот напад на руските ракометари Митрески запиша нова интервенција, а Македонија повторно не успеа да реализира напад по новата интервенција на Киреев по ударот на Лазаров. Крилото Сорока со прв гол на натпреварот го врати водството на Русија на +3 при 1:4. Првото исклучување на натпреварот го заработи Котов во 9. минута од натпреварот, а во следниот напад Русија зголеми на 1:5 преку Косоротов.

Македонија лошо го отвори натпреварот и до 12. минута резултатот беше 1:6. Примавме лесни голови, одбраната потфрлуваше, а во нападот не реализиравме. Мишевски во 13. минута заработи исклучување со што бевме со играч помалку на теренот. Стоилов го постигна вториот гол за Македонија со што резултатот беше 2:7. Во 14. минута беше досуден вториот седмерец за Русија, а Косоротов успешно го реализираше за 2:8 и трет негов гол на натпреварот.

Првите 15-тина минути од натпреварот донесоа големо разочарување на нашата клупа, натпревар без жар, без борбеност, без желба. Грешките беа чести кај нашата репрезентација, а тоа се рефлектираше со само три гола за 15. минути. Третиот гол за Македонија го постигна Кузмановски. Со третиот гол на Сорока, Русија зголеми на 3:10, по што македонскиот селектор Брестовац повика тајм-аут.

Кузмановски со нов гол намали на 4:10, а Митревски ја запиша петтата интервенција, по што Македонија организираше нов напад преку кој успеавме да дојдеме до 5:10 со гол на Серафимов кој потоа беше исклучен од игра и Македонија беше со играч помалку на теренот. По одлично организираниот напад на Русија, Адреев погоди за 5:11. Преку Пешевски намаливме на 6:11 со играч помалку на теренот.

Натпреварот неколку пати беше прекинуван поради проблем со рекламите на самиот терен, кои често се одлепуваа, што дефинитивно не доликува за еден ваков настан.

Крстевски го запиша првиот гол на натпреварот во 22. минута за 7:13, а во следниот напад Корнев веднаш врати за 7:14 и +7 позитива за руската репрезентација. Киреев ја запиша шесттата интервенција на натпреварот и веќе во следниот напад Русија реализираше нов гол преку Сорока кој ја решеташе нашата мрежа за 7:16. Резервниот лев бек на руската репрезентација, Валиулин погоди за +10 при 8:18.

Брестовац во 29. минута од натпреварот зарати жолт картон, а Серафимов го постигна вториот гол на натпреварот за 9:18. Резулатот на полувреме беше 9:19. Катастрофални 30 минути за нашата репрезентација. Во првиот дел Сорока беше најдобар стрелец на натпреварот со шест гола, додека во нашите редови најдобар беше Кузмановски со три постигнати гола.

Вториот дел го отворивме со првиот гол на левиот бек Георгиевски за 10:19. Во следниот напад Димитриоски заработи две минути, а беше досуден седмерец за Русија, а Косоротов го погоди Томовски во главата со што рускиот ракометар доби црвен картон и беше исклучен од натпреварот. Во следниот напад и Македонија доби седмерец прв на натпреварот за нас, но Поповски не успеа да реализира, по интервенцијата на 30-годишниот Павленко. По грешката на Русија во нападот, Македонија организираше нов напад и доби седмерец втор за нас на натпреварот, а Серафимов погоди за 11:19. Следуваше нова грешка на русите во нападот, а Македонија имаше напад за серија од 3:0 и успешно реализиравме преку Кузмановски за 12:19.

Нова грешка за Русија во нападот, а Македонија преку Пешевски не успеа да постигне гол, а на спротивна страна Киселев постигна гол за 12:20 и +8 за Русија. Пешевски заработи две минути, а поради лоша измена на Серафимов со што Македонија беше во поле со два игрчи помалку. Со четири играчи и голман успеавме преку Димитриоски да постигнеме гол за 13:21. До 41. минута од натпреварот резултатот беше 14:22.

Георгиевски заработи ново исклучуање, со што Македонија повторно остана без играч помалку на теренот. До 47. минута русите ја вратија предноста од +10 при 14:24 со гол на Осташченко. Македонија во нападот беше без идеа, не знаеше што да одигра, па по новата интервенција на Павленко, Корнев погоди за 14:25. Нашиот селектор Брестовац повика тајм-аут.

Ништо не се смени ниту после тајм-аутот. Русите ја одржуваа предноста од десет гола, а резултатот до 51. минута беше 17:27. Во 54. минута Митревски ја запиша осмата интервенција, но Русија остана во напад и преку Василев постигна нов гол за 18:28. Василев со нов гол донесе водство за руската репрезентеција од +11 при 19:30. Македонија преку третиот седмерец намали на 20:30 со гол на Серафимовски. Русија преку Осташченко дојде до највисоко +12 на натпреварот при 20:32 резултат кој беше конечен на натпреварот.

Најдобар стрелец кај Русија беше Сорока со шест гола, додека во нашите редови најдобар беше Кузмановски со шест погодоци.

Македонија во недела ќе игра против Белорусија, натпревар кој ќе биде последен за нашата репрезентација.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!