ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Новков сам го сруши Рудар, Манов со два гола во финишот ја расплака Брегалница од Делчево, Овче Поле доминираше во Валандово

Тиверија продолжува да гази во Трета лига – Исток и да го напаѓа врвот од табелата, откако денес на Општинското фудбалско игралиште во рамки на 9. коло го „збриша“ Рудар со убедливи 5:2, а херој на струмичани беше Ване Новков, кој четири пати ја тресеше мрежата на Ивановски.

По првите 45. минути резултат беше 2:0 за Тиверија, со двата погодоци на Новков, кој ги постигна во 6. и 39. минута. Во вториот дел Мартин Спасов намали на 2:1 во 69. минута, но надежите на гостите од Пробиштип за евентуално реми или три бода, беа урнати по две минути, откако Васко Трајков постигна гол за 3:1.

Голгетерот на „рударите“ Марио Атанасовски во 73. минута постигна гол за 3:2 и повторно го врати Рудар во игра барем за бод, но Тиверија по само две минути игра повторно преку Новков дојде до водство од 4:2.

Во 85. минута од мечот Ивановски капитулираше по петти пат, а Новков го постигна својот четврти гол за конечните 5:2.

Вардарски никако да победи и денес го впиша седмиот пораз во Трета лига – Исток, откако со минимални 0:1 беше поразен од Карбинци. Стефан Стефанов беше стрелец на единствениот погодок во Богданци, кој беше постигнат во 10. минута од мечот.

Тоше Манов е херојот на Осогово, во финишот со два гола обезбеди три големи бодови за Осогово на патот кон баражот за Втора лига, откако со 3:2 „жетварите“ славеа над Брегалница од Делчево.

Гостите беа со голема желба за прво славје на гостински терен, но сите надежи им беа срушени во финишот од мечот. Дарко Пешовски ја стресе мрежата на ланскиот второлигаш уште во 19. минута кога го отвори Осогово, а капитенот Тоше Манов во 34. минута погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Димитар Манасиевски погоди за второ водство на Брегалница од 1:2 во 68. минута од мечот, а само две минути подоцна Љубомир Ѓорѓиев заработи директен црвен картон поради груба игра односно поради удар со лактот кон гостинскиот играч, па „жетварите“ во финишот од мечот беа со играч помалку на теренот.

Кога веќе сите мислеа дека трите бодови ќе заминат во Делчево, а со тоа Брегалница ќе го слави првиот гостински триумф, Манов во 89. минута погоди и ги замолкна гостинските навивачи. Резултатот беше 2:2 кога се играше 91. минута од мечот, а капитенот Манов со трет гол ја стресе мрежата на Атанасовски за конечни 3:2, ерупција на Градскиот стадион во Кочани и голема радост за Осогово. „Жетварите“ продолжуваат да „газат“ на патот кон баражот за Втора лига, а со тоа и да направат експресен кам-бек во Втората македонска фудбалска лига.

Овче Поле со тотална доминација во Валандово обезбеди нови три бода и го запиша својот шести сезонски триумф, откако со 1:4 славеше убедливо над Победа.

Домашниот тим со голот на Валентин Михајловски дојде прв до водство од 1:0, но тоа го „налути“ гостинскиот тим од Свети Николе и преку Николче Симонов резултатот беше израмнет, а пак преку Марио Панев беше направен комплетен пресврт уште во 30. минута од 1:2. Во финишот од мечот Симонов со втор гол обезбеди водство од 1:3 за Овче Поле на полувреме.

Во вториот дел голгетерот Дарко Нацев постигна гол за конечните 1:4, а со тоа и за големо славје на гостите од Свети Николе.

Малеш покажа моќ против новајлијата Академија Чешиново-Облешево, откако на Градскиот стадион во Берово со 3:1 славеше сигурна победа. Резултатот на полувреме беше 1:1, а гостите први стигнаа до водство со голот на Марио Благојевски во 37. минута од мечот. Димитар Каракутовски во финишот на мечот постигна гол за 1:1.

Во вториот меч Глигорчно Арменски стрелаше за 2:1 во 73. минута, а конечните 3:1 ги постави Ерол Пилов во финишот од мечот.

Во Дојран паднаа дури осум погодоци, а на крајот Дојранско Езеро славеше над Спартмани со 5:3. Домашниот тим имаше водство од 3:0 на полувреме, а дилемите околу победникот беа решени уште по првите 45 минути. Петар Илиев постигна два погодоци, а еден гол постигна и Оливер Маринковиќ за 3:0.

Во вториот дел Илиев стигна до хет-три, а стрелаше и Доне Аргиров за Дојранско Езеро, додека пак за гостите од Градско Балдовци двоен стрелец беше Мите Митров, а еден гол постигна и Мартин Шутевски.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!