ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Новиот третолигаш Слога 1976 Лажани со реакција откако клубот остана без ваучер: Изразуваме револт за негрижа од АМС и ФФМ

Од ден во ден сè повеќе фудбалски клубови се јавуваат со реакција откако не добија ваучери од Агенцијата за млади и спорт. Спортска Мрежа, како единствен спортски портал во Македонија кој известува за Третата македонска фудбалска лига, го пренесува и ставот на новиот третолигаш Слога 1976 Лажани кој ќе се натпреварува во Третата лига – Југ, во врска со доделувањето на ваучерите од Агенцијата за Млади и спорт.

Причината поради ваквата распределба на ваучерите не е позната, ние како спортски портал испративме неколку прашања до АМС во врска со распределбата на ваучерите и сè уште немаме добиено одговор зошто има голем број на третолигаши кои немаат добиено ниту еден денар ваучер за 2022 година.

И Слога 1976 Лажани, како и многу други, воопшто не доби ваучер од АМС за 2022 година и овој третолигаш се јави со реакција и јавно излезе со соопштение во врска со распределбата на ваучери за 2022 година:

  • Целосното соопштение на ФК Слога 1976 Лажани:

„Почитувани, и ние од фудбалскиот клуб Слога 1976 од Лажани како и големиот број на екипи останавме без ваучер од Агенцијата за млади и спорт. Преку ова соопштение го изразуваме нашиот револт за негрижата на Агенцијата за млади и спорт и ФФМ за помалите клубови од државата, таа финансиска помош ни беше повеќе од потребна за покривање на дел од трошоците во Третата лига – Југ. Ние како клуб уредно ја доставивме документацијата електронски и ги исполнуваме сите услови за добивање на ваучер, но за жал не добивме ништо. Помошта која им беше повеќе од потребна на малите клубови ја добија одреден број на моќни екипи.“

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ГОСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!