Новиот третолигаш Слога 1976 Лажани се засили со Зијадиќ, Стојаноски и Каришик

Новиот член на Третата македонска фудбалска лига – Југ екипата на Слога 1976 од Лажани ги промовираше Едис Зијадиќ, Виктор Стојаноски и Нермин Каришик како најнови засилувања за новата сезона.
>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<
30-годишникот штопер Зијадиќ во Лажани доаѓа од редовите на второлигашот Братство од Житоше и со своето искуство треба да помогне екипата да биде стабилен третолигаш.
Каришик има 24-години и е повратник во Слога 1976, а доаѓа од редовите на третолигашот Динамо Мажучиште, а има настапувано и за Братство Житоше.
22-годишниот Стојаноски е трето засилување за Слога 1976, кој исто така е повратник во екипата, а има настапувано и за кичевски Напредок и Пролетер од Македонски Брод.
Новаат сезона од Трета лига – Југ треба да започне на 27. февруари, а Слога 1976 сезоната ја отвара на домашен терен против Динамо.