ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Новиот третолигаш Иднина Б се засили со Цаноски, Волчески, Јускоски, Ристовски и Салоски

Новиот член на Трета лига – Југозапад, екипата на Иднина Боровец денес промовираше пет нови искусни фудбалери. Иднина е составена претежно од млади фудбалери, а искусните Адем Цаноски, Димче Волчески, Амир Јускоски, Ѓурица Ристовски и Омер Салоски ќе бидат од голема важност за екипата.

28-годишниот Цаноски е играч од среден ред и со своето искуство ќе треба да помага во новата екипа, која е составена претежно од млади фудбалери. Цаноски е искусен фудбалер кој има настапувано за Октиси, Струга Трим Љум, Тетекс и Охрид.

35-годишниот Волчески доаѓа од редовите на Караорман, а во својата кариера има настапувано и за Влазними, Тетекс, Велешта и Младост Царев Двор.

Ристовски во Иднина доаѓа од редовите на Лажани, а во својата кариера 35-годишникот има настапувано и за Караорман, Велешта и Македонија од Враништа.

ВАШАТА РЕКЛАМА ОВДЕ, МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА ПО ПРОМО НИСКИ ЦЕНИ – 074 241 247

38-годишниот Салоски во Иднина доаѓа од Тетекс, кој заедно со 37-годишниот Јускоски ќе бидат од голема важност за новиот третолигаш.

Во првото коло од новата сезона Иднина Б беше убедлива поразена во Грнчари од Лирија со високи 8:1.

Веќе во следното коло Иднина Боровец ќе има тешка задача против фаворитот Преспа од Ресен на домашен терен.

Колку за информација, Иднина Боровец е всушност поранешниот клуб Лабуништа, а како што дознава Спортска Мрежа од пролетниот дел Иднина Боровец ќе го носи името Лабуништа, како што беше и во минатото.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!