ФудбалФудбал - Четврта Лига
Новиот четвртолигаш Возарци ДМД со амбиции за влез во Трета лига – Југ

Фудбалскиот клуб Возарци ДМД од село Возарци, Кавадарци е формиран пред околку еден месец, а во тековната сезона има за цел прво место и пласман во Третата лига – Југ.
Сезоната во ОФЛ Кавадарци ќе стартува во март, а новиот клуб се наметнува како најсериозен кандидат за влез во Третата лига – Југ.
Клубот предводен од младиот тренер Симеон Симонов се засили со пет играчи од Третата лига – Југ, со цел да му помогнат на Возарци ДМД во борбата за влез во третолигашкото друштво.

Новиот клуб има одлични услови за работа со добри спонзори, домашните натпревари ќе ги игра во село Возарци. Денес четвролигашот одигра и контролен натпревар со Марена кој заврши со 5:3 за третолигашот.
Еден Коментар