Европски ФудбалФудбал

Нови случаи на корона во Реал, клубот свика итен состанок

По позитивните тестови на Лука Модриќ и Марсело, уште пет членови на Реал Мадрид се заразени со коронавирус, јавуваат шпанските медиуми. Клубот свика итен состанок по кој ќе бидат познати следните чекори за сузбивање на епидемијата.

По неколку екипи во Премиер лигата, коронавирусот му прави големи проблеми на Реал Мадрид. Лука Модриќ и Марсело биле позитивни на тестот во средата, а денеска се регистрирани пет нови случаи на инфекција, јавуваат некои шпански медиуми.

Не е наведено кои играчи се во центарот на вниманието, но клубот свика итен состанок за да одлучи кои се следните чекори за борба против епидемијата.

Манчестер Јунајтед и Тотенхем ги одложија натпреварите поради коронавирусот, па се очекува истото да го направи и Реал.

Мадриѓаните в недела ќе го одиграат натпреварот од 18. коло на Примера, но се уште не е познато дали натпреварот ќе се одигра.

Засега тренингот на првиот тим е откажан, додека пристапот до тренинг центарот на Реал е забранет.

Покрај фудбалот, коронавирусот ја зафати и кошаркарската екипа на Реал, а натпреварот од Евролигата против Алба го пропуштија тренерот Пабло Ласо и плејмејкерот Томас Ертел.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!