ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Нови квалитетно засилување: Влазними се договори со Наумоски, Канбери и Прќакоски

Третолигашот Влазними донесе квалитетно засилување за пролетната полусезона од Третата лига – Југозапад. Најново засилување во клубот е охриѓанецот Ристе Наумоски, кој ќе му помага на клубот предводен од тренерот Фијат Шате во атак за врвот на табелата.

26-годишното десно крило кое одлично одговара и на обврските од средниот ред во Влазними доаѓа од Новаци, потекнува од школата на Воска, а во својата кариера има настапувано и за Охрид 2004, Лакочереј, Новаци и за четвролигашот Борец од Охрид.
Претходно, Влазними се засили со 24-годишниот Дестан Канбери и 26-годишниот голманот Тони Прќакоски од Фламуртари.

Снегот не е пречка за интензивни подготовки на Влазними за пролетните предизвици од Третата лига – Југозапад.