Новаци со сигурна победа над Дебарца, Караорман минимално го совлада „фенерџијата“ Стрела

Денес се одиграа натпреварите од вонредното 16. коло од Третата лига – Југозапад.
Црно Буки 5:3 Влазними
Екипата на Црно Буки после поразот во минатото коло денес се „распука“ и запиша голема победа над Влазними. Резултатот беше отворен уште во 6. минута за водство на гостинската екипа од 0:1 со погодок на Шекуткоски Даниел кој во 3. минута од натпревар влезе во игра на местото на Села Урген. На три минути до крајот на првиот дел Влазними со гол на Полиси Арди зголеми на 0:2. По десет минути игра во вториот дел домашната екипа со гол на Велевски Петар намали на 1:2. Велјановски Александар во 66. минута донесе израмнување за домашната екипа од 2:2, а само пет минути подоцна нововлезениот Даралиовски Оливер ја стресе мрежата на противникот за пресврт и водство на Црно Буки од 3:2. Домашната екипа влезе во ритам и по две минути од водството Огненовски Александар погоди за водство од 4:2 во 73. минута. Влазними брзо намали, во 75. минута резултатот беше 4:3, а стрелец на погодокот беше Јанкуловски Томислав. До крајот на натпреварот гостите се обидуваа да дојдат до бод, а домаќинот мудро го чуваше водството. Во судиското продолжение Јанкуловски Аце ги постави конечните 5:3 за 11-та сезонска победа.
Сатеска 2:0 Македонија Враништа
Сатеска на домашен терен стигна до својата осма сезонска победа, откако со 2:0 во Волино беше подобра од Македонија Враништа. Првиот гол на натпреварот падна во 29. минута, а стрелец беше Угриноски Никола. Во вториот дел нововлезениот Бимбилоски Боге ја стресе мрежата на гостинот од Враништа за конечни 2:0.
Октиси 2:3 Воска
Лидерот Воска остана непоразен на гостувањето кај Октиси, каде со 2:3 беше подобар противник. Петкоски Кристијан беше стрелец на првиот гол за водство на гостите од Охрид од 0:1. Пет минути пред крајот на првиот дел, Зекмановски покажа на белата точка, а Мерко Меритон успешно реализираше за 0:2 на полувреме. На стартот од вториот дел домашната екипа брзо намали на 1:2 со гол на Миноски Николче во 50. минута. Во 71. минута Зекмановски покажа повторно на белата точка, а овој пат одговорноста ја презеде Малески Петар кој успешно погоди за 1:3. Во 85. минута нововлезениот Попески Никола ги постави конечните 2:3.
Белица 0:4 Преспа
Преспа стигна до деветтиот сезонски триумф, откако со 0:4 беше далеку подобра од домаќинот Белица. Гостинот од Ресен важеше за фаворит на натпреварот, а фавортиската улога беше оправдата со убедлива победа. Резултат беше отворен во 14. минута со гол на Талевски Илче. До крајот на првото полувреме мрежите мируваа. Во вториот дел неизвеноста траеше скоро до самиот финиш, но Белица сама си пресуди. Во 81. минута Рочи Рахим постигна автогол за водство на ресенчани од 0:2. Време барем за бод немаше, а Преспа со два гола во финишот ги грабна трите бодови. Во 90. минута Кранли Емир постигна гол за 0:3, а Пластиновски Нико ги постави конечните 0:4.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Дебарца 1:3 Новаци
Новаци ја оправда фаворитската улога, откако во Мороишта со 1:3 беше подобар од екипата на Дебарца. Први до водство стигнаа домаќините со гол на Цоклески Александар постигнат во 15. минута. Осум минути подоцна Наумоски Благоја донесе израмнување за Новаци. Одличната игра на гостите продолжи и веќе во 28. минута со гол на Котески Михаил резултатот беше 1:2. Во 87. минута Рембоски капитулираше по трет пат, а нововлезениот Крстевски Стефан ги постави конечните 1:3.
Лирија 4:1 Кравари
Лирија на домашниот терен во Грнчари го „разнесе“ Кравари со убедлива победа од 4:1. Гостинот не ја оправда фаворитската улога, но и убедливо беше поразен, што направи големо изненадување во вонредното 16. коло. Резултатот прв го отвори Кравари во 25. минута со гол на Ристевски Стефан. ВО 39. минута Камбери Аргон донесе израмнување, а четири минути подоцна Поповски Дарко погоди за водство од 2:1 на полувреме. Во вториот дел Лирија продолжи со одличната игра. Во 74. минута Настевски Тони зголеми на 3:1. Победата беше на дофат, но домашната игра продолжи со доминацијата и во 89. минута нововлезенито Сулејмани Дитурим ги постави конечните 4:1 за четврта сезонска победа.
Стрела 0:1 Караорман
Големиот фаворит Караорман само до минимална победа од 0:1 над „фенерџијата“ Стрела. Стрелец на единствениот гол беше Димов Никола во 33. минута.
Лидер на табелата останува непоразената Воска со 44 бодови, Караорман е втор со 36 бода, а на третото место е Црно Буки со три помалку.
Еден Коментар