ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Новаци со победа над Црно Буки го заокружи есенскиот дел

Екипата на Новаци со победа го заокружи есенскиот дел од сезоната, откако на домашен терен со 2:1 славеше над Црно Буки во 11. коло од Третата лига – Југозапад. Новаци одигра одличен натпревар и дојде до седма сезонска победа.

Домаќините одлично го отворија мечот и беа силно мотивирани за победа. Првиот гол падна во 19. минута од натпреварот кога Јоцо Ѓорговски ја погоди противничката мрежа за водство од 1:0 за Новаци. Иницијатива и притисок за гол имаше и кај двете страни, но резултатот до крајот на полувремето не се промени.

Во вториот дел Новаци започна подобро и во 48. минута од натпреварот преку Трифуновски Иве зголеми на 2:0. Гостите веднаш реагираа и по три минути намалија на 2:1 преку Даралиовски Оливер. До крајот на мечот мрежите и на двете страни мируваа, а резулатот не се промени.

Новаци со новата победа и три бодови се врати на третото место на табелата со 22 бодови, со што ќе имаат полесна пролет и остануваат во сериозна игра за првото место и Втората лига, што е нивна цел за тековната сезона. Црно Буки сега се спушти на четвртото место со 21 бод.

Колото ќе биде комплетирано утре кога ќе бидат одиграни останатите седум средби со почеток од 13:00 часот.

Моменталната бодовна состојба е следна:

ТМФЛ Југозапад – Табела

ПозКлубОНПобНПорПОСПРИГРБОД
12018206925+4456
21913424613+3343
31911444623+2337
42011184524+2134
52010285446+832
61910274335+832
71910184126+1531
820100103638-230
9207673031-127
10207673439-527
11206593831+723
122072112853-2523
13204514056-1617
141941142664-3813
151531111533-1810
162022162478-548

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!