ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Новаци со голем бод против фаворитот Караорман

Денес се одигра воведниот натпревар од 12. коло од Третата лига – Југозапад.

Екипата на Новаци на домашен терен дојде до голем бод, откако одигра 1:1 со фаворитот Караорман. Резултатот први го отворија домаќините во 22. минута со гол на Јовановски Стефан за 1:0. До крајот на првиот дел мрежите мируваа.

Во вториот дел притисокот на Караорман кон голот на домаќинот беше голем и во 62. минута преку „џокерот“ Далчески Климе израмни на 1:1. Стружани останаа без двајца играчи до крајот на натпреварот, откако Ѓорѓиески Валентин и Далчески Климе беа исклучени од игра.

Караорман на нивната официјална фејсбук страница реагираа дека денешното судење било скандалозно и велат дека непотребните црвени картони се со цел екипата да биде десеткована во наредните кола.

Караорман останува на второто место на табелата со 29 бодови, додека Новаци со 23 бодови е на третото место.

Целата табелата од Третата лига – Југозапад можете да ја погледнете ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!