ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Новаци преку Преспа за пет од пет, Кораб се „распука“ против Лирија

Новаци продолжува со победничкиот ритам, а денешниот триумф од 1:3 над Преспа во Ресен беше триумф за пет од пет во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.

Новаци останува осамен на врвот до максимални 15 бодови и ита кон бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Гостите денес на Градскиот стадион во Ресен стигнаа до рано водство уште во 3. минута со голот на Антонио Стоковски, а пак Нико Пластиновски во 20. минута постигна гол за 1:1. Во финишот на првиот дел Стефан Јовановски го врати водството за Новаци на 1:2. Во вториот дел Михаил Котевски ги постави конечните 1:3, откако погоди во 81. минута.

Кораб се „распука“ кон Лирија на домашен терен и забележа висок триумф од 4:1. Ланскиот второлигаш лесно прокнижи три бодови и продолжува да го следи чекорот на непоразениот лидер Новаци.

Трим Амбари беше двоен стрелец за Кораб, а по еден гол постигнаа Бљерон Муча и Един Мерсовски. За гостинската екипа единствен стрелец беше Благоја Наумоски.

Влазними на домашен терен славеше над Демир Хисар со 4:2. Игор Димитријовски си постигна автогол за водство на Влазними, а стрелци за домашниот тим беа Даниел Шекуткоски, Денис Шадов и Ненад Влаќески, за гостите двоен стрелец беше голгетерот Стефан Каревски.

Сатеска со 3:1 беше подобра на домашен терен од екипата на Иднина Боровец. За екипата од Волино погодија Дејан Милошески, Илија Трпкоски и Игор Терзиоски, а пак за гостите единствен стрелец беше Мухаммед Исмајлоски.

Кравари и Јанг Тим го поделија „пленот“ играјќи 2:2. За Кравари стрелци беа Темур Емини и Благојче Ристевски, а за гостите погодија Димитар Далчески и голгетерот Сеит Крека.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!