ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Новаци домаќин на Октиси, лидерот Воска на Македонија Враништа, Сатеска гостува кај Преспа во Ресен

Возбудувањата од Третата лига – Југозапад продолжуваат веќе во среда кога ќе биде одиграно вонредното 19. коло.

Воска – Македонија Враништа

Лидерот Воска на домашен терен ќе ги одмери силите со Македонија Враништа која влезе во победнички ритам и започна да „руши“ фаворити, па во Охрид ќе патува силно мотивирана по ново изненадување и за прв пат да го победи лидерот на табелата. Фавортиската улога во среда ќе ја има Воска.

Победа Ивањевци – Влазними

Победа од Ивањевци е во длабока резултатска криза и води тешка борба за опстанок во Третата лига – Југозапад. Веќе во среда Победа на домашен терен ќе игра против фаворит Влазними, а трите бодови се многу важни за домашната екипа со цел да направи чекор напред во обезбедувањето на опстанокот. Влазними во Ивањевци ќе допатува како голем фаворит, па се освен пораз за домаќинот би бил позитивен исход.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР НА АКУМУЛАТОРИ ВО „ЦЕНТАР ЗА АКУМУЛАТОРИ РЕСЕН“

Преспа – Сатеска

На Градскиот стадион во Ресен ќе се одигра дерби натпревар меѓу Преспа и Сатеска. Изразит фаворит ќе нема, но Преспа ќе биде во поповолна ситуација бидејќи игра на свој терен. Победата ќе биде императив и за двете екипи кои имаат за цел за што подобар пласман на табелата, па веќе во среда трите бодови може да им донесат прогрес и на двете екипи од едно односно две места.

Новаци – Октиси

Новаци на домашен терен ќе се соочи со екипата на Октиси. Формата и домашниот терен го прават домаќинот да биде фаворит за трите бодови и со тоа би продолжил да го напаѓа второто место, додека Октиси со евентуална победа може да направи голем скок на табелата.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Кравари – Белица

Екипата на Кравари ќе биде домаќин на Белица во натпревар каде домашниот состав ќе биде голем фаворит за трите бодови. Гостинската екипа води борба за опстанок во третолигашкото друштво, па во среда ќе се обиде дома да се врати непоразена од тешкото гостување.

Лирија – Дебарца

На теренот во Грнчари силите ќе ги одмерат Лирија и Дебарца. Очекувањата би биле да гледаме еден израмнет натпревар без изразит фавороит, но домаќинот ќе биде во подобра ситуација бидејќи игра на домашен терен, па тоа може да биде мотив плус за трите бодови. Двете екипи играт одлично во пролетниот дел и бележат одлични резултатит, па тоа може да биде уште една причина во среда да има одличен фудбал во Грнчари.

Стрела – Црно Буки

„Фенерџијата“ Стрела на теренот во Могила ќе го пречека фаворитот Црно Буки. Домаќинот со само пет освоени бодови е закован на дното од табелата, додека Црно Буки со Новаци ја дели третата позиција на табелата. Минатото коло Црно Буки загуби дома од Македонија Враништа, а претходно одигра само 1:1 со Лирија во Грнчари, па веќе во среда ќе има можност да стигне до 12-тиот сезонски триумф. За Стрела се освен пораз би бил позитивен исход од овој тежок натпревар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!