Нов триумф за Црвена Звезда, Тризла со убедлива победа, по три бода за Боротино и Стрела 21

Викендов се одиграа натпреварите од 7. коло на A2 и Б2 Општинската фудбалска лига на Прилеп.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Најубедлива победа однесе екипата на Тризла 2008 која со 0:4 триумфираше над екипата на Мажучиште на гостински терен. По првите 45 минути гостинската екипа имаше водство од 0:2 со погодоците на Давид Димовски и Рубинчо Цветаноски, а пак во вториот дел Јованчо Јончески и Гоце Ѓорѓиески ги поставија конечните 0:4.
Екипата на Црвена Звезда на домашниот терен во Сенокос забележа нова убедлива победа, овој пат од 3:1 над Мукос.
Само една минута игра беше потребно за Миле Стојчески да донесе водство за гостинската екипа од 0:1, а пак домашниот тим израмни преку Горан Илиоски за 1:1 на полувреме.
Неизвесноста во вториот дел за трите бодови траеше до самиот финиш кога Филип Ачкоски погоди и обезбеди водство од 2:1 за домашниот тим, а на пет минути пред крајот Илиоски со втор гол (3:1) ги реши сите дилеми околу победникот.
Во рами на Б2 лигата убедливи победи забележаа Боротино и Стрела 21. Екипата на Боротино на домашен терен со 3:0 го доби Прилеп Сити. Победникот беше решен во првиот дел со погодоците на Анониот Николоски, Ице Мантароски и Благојче Савески.
Пролетер на домашен терен со минимални 1:0 ја доби екипата на Млекар со погодокот на Денис Шерифоски постигна во 6. минута од мечот.
Стрела 21 со убедливи 1:5 ја декласираше Пелагонија на теренот во Пашино Рувци. Хет-трик за гостите постигна Горан Бозајковски, а двоен стрелец беше Менде Стојаноски. За домашниот тим единствен стрелец на стартот од вториот дел беше Николче Петрески.
Натпреварите од А1 Општинската фудбалска лига на Прилеп ќе бидат одиграни утре.