Европски ФудбалФудбал

Нов пех за големиот талент: Фати повторно надвор од терените

Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати повторно не му е на располагање на тренерот Роналд Куман поради повреда на коленото, потврдија од каталонскиот тим.

„Ансу Фати има болки во десното колено. Затоа тој не е во тимот, а неговото враќање ќе зависи од неговото опоравување“, се наведува во кусото соопштение.

Тоа е уште еден тежок удар за младиот фудбалер, кој штотуку почна да игра постојано по опоравувањето од операцијата на коленото цели осум месеци.

Тој се повреди на натпреварот со Реал Мадрид претходниот викенд, па го напушти натпреварот во 74. минута.

На вчерашната прес-конференција Куман објави дека Фати има проблем, но дека повредата не е сериозна и дека му е потребен само одмор.

Барселона вечерва ќе игра против Рајо Ваљекано, потоа во сабота ја очекува меч со Алавес, а во вторник против Динамо во Киев во Лигата на шампионите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!