ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ниту снегот не беше проблем, Шкупи со пресврт до голема победа над Силекс

Шкупи во снежното Кратово запиша победа од 1:3 над Силекс во меч од 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Домаќинот дојде прв до водство со гол на Каракамишев во 14. минута од натпреварот. Руатубјаје во 37. минута донесе 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Шкупи започна со притисок кон Силекс и во 70. минута со гол на Ламине дојде до водство од 1:2. Конечните 1:3 во самиот финиш ги постави Региналдо.

Шкупи останува на второто место со 46 бодови и на негатива од седум бодови во однос на лидерот Шкендија, додека Силекс сега е на десеттото место на табелата и се наоѓа во бараж зоната.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Шкупи во следното коло ќе игра со Ренова, додека Силекс ќе гостува во Тетово кај лидерот Шкендија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!