РакометРакомет - Суперлига

Ниту новите засилувања не помогнаа, Работнички преку Ончев и Ќосевски го реши Радовиш (ВИДЕО)

Ракометарите на Работнички остварија голема победа и дојдоа до важни три бодови во борбата за опстанок во Суперлигата, откако со 25:23 славеа над засилениот Радовиш, во првото коло од плеј-аутот.

Ниту новите три странски засилувања не му помогнаа на Радовиш да запише победа над расположениот Работнички, кој беше силно мотивиран за денешниот дуел кој се играше во „Јане Сандански“.

Радовишани на почетокот имаа водство од 0:2, по што домаќинот веднаш започна со притосок и добра игра која му донесе водство од +2 при 7:5. Работнички до крајот на првиот дел имаше постојано водство, меѓутоа на полувреме резулатот гласеше 13:13.

На стартот од вториот дел се играше гол за гол и на момент Радовиш имаше водство од 16:17, по што Работнички повторно го врати водството на +2 при 21:19, а потоа на моменти истоти стигна и до четири разлика, кога домашната екипа имаше 24:20. Избраниците на Љупче Мијалов се обидуваа до крајот на натпреварот да се вратат во игра или барем за Радовиш да се вратат со бод, меѓутоа одличната игра на Работнички не дозволуваше изненадување и натпреварот заврши со два гола разлика за домашната екипа, односно 25:23.

Најдобри во редовите на Работнички беа десното крило Ален Ќосевски и централниот бек Тoше Ончев кои постигнаа по седум погодоци, додека кај Радовиш најдобри беа централниот бек Ивица Илиев и левото крило Александар Долдуров кој постигнаа по пет погодоци.

Целиот натпревар меѓу Работнички и Радовиш:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!