Ниту „Д“ од дерби – Вардар Неготино го „згази“ Превалец и изби на врвот од табелата!

Ниту „Д“ од дерби – Вардар Неготино го „згази“ Превалец со убедливи 3:6 на гостински терен и изби на врвот од табелата во Третата фудбалска лига – Исток.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Неготинци уште еднаш покажаа дека имаат голем квалитет и ја оправдаа фаворитската улога на овој меч, но и улогата на први фаворити за освојување на врвот и пласман во баражот за Втора лига.
Играч на натпреварот, но и херој за Вардар беше Петар Ристовски кој двапати ја тресеше противничката мрежа, токму со неговите два погодоци во 24. и 26. минута Вардар дојде прв до водство од 0:2. Домаќините преку Бобан Атанасовски во 34. минута намалија на 1:2 по првите 45 минути.

На стартот од вториот ден Кристијан Маневски погоди за 2:2 и го врати Превалец во борба за трите бодови. Само девет минути подоцна, Даниел Буровски го врати водството на Вардар од 2:3 со што гостите повторно први го зададоа финалниот удар за трите бодови и битката за врвот од табелата.
Во 72. минута од мечот Кирил Неделков погоди за 2:4 со што Вардар во завршетокот од натпреварот влезе со предност од два погодоци. Во 80. минута од мечот Бобан Ристов по петти пат капитулираше, откако Никола Вареловски ја смести топката во противничката мрежа.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Една минута подоцна Александар Крстевски намали на 3:5, но сепак надежите на домаќините не пораснаа барем за бод, а точка на мечот стави Петар Најдов во 89. минута од мечот.