Ништо од Влаховиќ во Сити зимава: Пеп не сака засилувања

Манчестер Сити е еден од клубовите кои се доведуваат во контакт со српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, но судејќи по изјавата на менаџерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, од таа работа нема да има ништо. Барем не во претстојниот преоден рок.
„Нема да донесеме напаѓачи во јануари“, истакна Шпанецот на прес-конференција и потврди дека Феран Торес е блиску до премин во Барселона.
Така шампионот на Англија цела сезона ќе ја одигра само со еден класичен шпиц – Габриел Жесус. Сепак, Гвардиола во изминатиот период најмалку го користеше Бразилецот. Улогата на централен напаѓач најчесто ја имаа Фил Фоден, Рахим Стерлинг, па дури и Ријад Марез.
Нема дилема дека „Граѓаните“ следното лето ќе вклучат напаѓач и ќе подготват голема сума. Дали тоа ќе биде Душан Влаховиќ, Хари Кејн или Ерлинг Холанд, останува да видиме.
Во меѓувреме за Влаховиќ интерес покажаа и Јувентус, Тотенхем, Арсенал и Борусија Дортмунд.