ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Ништо од Трета лига ? Новите второлигаши се подготвуваат за Втора лига!

Откако беше донесена одлуката за задолжителни ПЦР-тестови од страната на Владата, Третата македонска фудбалска лига беше ставена во мирување на неодредено време. Фудбалската федерација на Македонија побара да се промени ваквата одлука со цел да може Третата лига да продолжи со натпревари и со тоа да биде комплетирана сезоната, меѓутоа Владата даде негативен одговор на ваквото барање од страна на ФФМ.

Дефинитивно и најмалите надежи за продолжување на Третата лига згаснуваат, а тоа значи дека првопласираните екипи ќе бидат промовирани во нови второлигаши. Најголем дел од третолигашите веќе ги распуштија играчите и немаат никакви тренинзи, па со тоа заштедуваат значителни финансиски средства за следната сезона.

Во Втората лига – Исток нови второлигаши би биле Детонит како првопласирана екипа од Трета лига – Исток и Локомотива како првопласирана екипа од Трета лига – Југ.

Што се однесува до Втора лига – Запад, овде за промоција е потребно играње на бараж од првопласираните екипи од Трета лига – Запад, Југозапад и Север, односно бараж натпревари меѓу Беса, Воска и Фортуна. Две од овие три екипи ќе обезбедат влез во Втората лига – Запад.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!