Европски ФудбалФудбал

Ништо од откупот, Едегор се враќа во Мадрид: Арсенал благодарам!

Норвешкиот играч за врска Мартин Едегор се прости од Арсенал, каде го помина вториот дел од минатата сезона на позајмица од Реал Мадрид и истакна дека „топџиите“ ќе останат во неговото срце.

Иако имаше информации дека лондонскиот клуб може да го откупи договорот со 22-годишниот играч, тоа не се случи на крајот. Едегор се враќа во Мадрид, барем засега.

„Арсенал, ти благодарам за овие шест месеци. Моето време поминато со моето семејство во Лондон засекогаш ќе остане во моето срце. Би сакал да им се заблагодарам на сите во клубот за начинот на кој се однесувавте кон мене. Посебна благодарност за навивачите, чувствував дека сте со мене. Сите ќе ми недостасуваат!. Ви благодарам, „топџии“, рече талентираниот играч.

Ќе биде интересно да се види дали Едегор конечно ќе добие шанса во Кралскиот клуб. Од пристигнувањето во јануари 2017 година, тој одигра вкупно 11 натпревари, а пред Арсенал беше позајмен во Херенвен, Витесе и Реал Сосиедад.

Можеби доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата може да го подобри статусот на младиот фудбалерот.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!